И Ботас смета дека можел до пол

108
   

Валтери Ботас смета дека можел да стигне до пол позиција за утрешната трка доколку не направел грешка во својто К3 обид. Возачот на Мерцедес не успеа да најде одговор за круговите на колегата Хамилтон и возачите на Ферари и со заостаток од 33 стотинки трката ќе ја почне од полошото место во вториот стартен ред.

Во својот втор летечки К3 круг тој прешироко мина низ Вејл и Клуб по што не можеше да надомести, но го загуби и 3то место кое го имаше од сонародникот Кими Раиконен.

Разочаран сум затоа што имавме одличен итам денеска и сесијата изгледаше одлична за мене, но загубив ритам на последните две кривини, а дотогаш кругот не беше воопшто лош. Веројатно имав прегреани прени гуми и на крајот на кругот тоа се одрази на времето на минурвање в последните кривини. Без таа грешка мислам дека ќе се борев за подиум денеска – изјави Валтери по крајот на квалификациите.

Финецот предвидува тешка неделна трка и верува дека менаџментот на гумите може да биде клучен во обезбедување на силен резултат.

Ферари изгледаа многу силно уште во Петок, а денеска бевме многу блиску така што сметам дека блиската борба ќе продолжи и утре на трка. Нема да биде воопшто лесно да се миант, но сме претекнвуале на оваа патека и порано и знаеме дека можност постои.

Миантата недела во Австрија иамвме проблем со гумите така што знаеме дека нивниот менаџмент овдека ќе биде клучен поради високтие температури. Ќе биде долга и топла трка со многу борба, но нетрпелив сум.


И Ботас смета дека можел до пол

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>