Луис Хамилтон избегна оштетување на својот болид во контактот со неговиот ривал за титулата Себастијан Ветел во првиот и по веќе видена сезонава помош од Валтери Ботас, стигна до победа за Италијанското Гранд При пред Кими Раиконен. Овој резултат го изедначи со бројот на победи на патеката Монца со Миихаел Шумахер со вкупно 5.

Хамилтон го претекна Ветел од надворешната страна во втората шикана од првиот круг, додека Ветел во обид да ја одбрани позиција удри во страничниот дел од болидот на Хамилтон, се изврте и се најде себеси на последната позиција.

Ветел успеа да се врати до четвртто место позади Валтери Ботас на трето место, додека казна од 5 секунди го спушти Верстапен на петто место. Во подемот на Ветел помогна и Безбедносното Возило поради откажувањето на Брендон Хартли по самиот старт, по што германецот надомести значителни позиции.

Тркањето продолжи во четврттиот круг, но Раиконен ја одржа предноста пред Хамилтон. Луис иако успеа да го претекне во првата шикана, Кими го возврати ударот во шиканата Рогија.

Тоа беше приказната во првиот стинг додека Хамилтон испадна надвор од ДРС, но предноста на Кими никогаш не беше поголема од 2 секунди пред неговото влегување во бокс во 20 круг.

Мерцедес беа подготвени да го внесат Хамилтон во бокс, но одлучија да го задржат надвор на патеката дополнителни 8 кругови, што му обезбеди предност од 5 секунди на Раиконен.

Но Мерцедес, како што сме биле сведоци и во претходни трки, го задржаа Ботас на патеката за да го задржи Раиконен со цел Хамилтон да се приближи, што британецот тоа го стори во неколку кругови и веќе беше во ДРС.

Ботас влезе во бокс во 36 круг, оставајќи ги Раиконен и Хамилтон да се борат на патеката. Во 45 круг Хамилтон беше најблиску и успеа да го претекне Раиконен од надворешнат страна. Кими немаше можност да го возврати ударот и во критична ситуација мораше да ги чува до крајот на трката.

Роман Гросжан беше скоро незабележан на ТВ екраните, но и покрај големиот притисок од двата болида на Форс Индија, се пласираше на шесто место за Хаас. Естебан Окон заврши на седмо место пред Серхио Перез. Карлос Саинз од Рено заврши на осмата позиција додека Ленс Строл освои 1 поен за Вилијамс.

Покрај Брендон Хартли, во трката се откажаа уште двајца возачи. Најпрвин Фернандо Алонсо, а потоа и Даниел Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.