Италија, Т3: Ветел повторно пред сите

666

Каде што застана на Т2, Себастијан Ветел продолжи на Т3. Ферарито беше најбрзо и на последната сесија пред квалификациите, а кругот на Себ беше за 8 стотинки побрз од кругот на Луис Хамилтон од Мерцедес, што е најава за спектакл во К3 сегментот. Трето време имаше Кими Раиконен, тој беше 9 стотинки побавен од Хамилтон, а 17 од својот колега.

Валтери Ботас заостана 6 десетинки и постави 4то време, а Верстапен заостана 9 десетинки и постави 5то и тие беа единствени со помал заосаток од една секунда. Магнусен беше 6ти, но со 1,5 скеунди заостаток, а само 4 стотинки зад него беше Естебан Окон од форс Индија. Даниел Рикардо постави 8мо време со 1,8 секунди заостаток, Леклер заостана само 3 илјадитинки зад него, доека последен во најбрзите 10 беше Чеко Перез.

Маркус Еримсон мроаше да надомести за вчера и беше најактивен на сесијата со вкупно 25 кругови, два повеќе од Фернандо Алонсо. Нико Хулкенберг имаше проблем со ДРСот и успеа да заврти 10 кругови.


Booking.com

Италија, Т3: Ветел повторно пред сите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>