Болидите на Ферари ги поставија двете најбрзи времиња на вторите 90 минути по Монца. Себастијан Ветел беше најбрз, Кими Раиконен беше речиси 3 десетинки зад него, а само две стотинки зад финецот беше актуелниот првак Луис Хамилтон. Валтери Ботас заостана 7 десетинки и само тие 4ца беа во иста секунда.

Верстапен и Рикардо поставија 5то и 6то време, но со повеќе од секунда заостаток, Окон и Перез беа 7ми и 8ми со 8 десетинки побавно време од Ред Бул, 9ти беше Шарл Леклер, а Нико Хулкенберг од Рено беше последен во топ 10.

Маркус Ериксон имаше страшен судар на почетокот на сесијата, но мина неповреден.

Валтери Ботас со својот Мерцедес комплетираше дури 35 кругови, еден повеќе од Брендон Хартли од Торо Росо, додека Ериксон само 4.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.