Серхио Перез со Форс Индија постави најбрзо време по првите 90 минути кои беа возени по мократа Монца. Времето на мексиканецот беше повеќе од половина екунда побрзо од она на второпласираниот Кими Раиконен од Ферари, додека само 4 стотинки зад финецот беше другата Форс Индија возена од Естебан Окон.

Брендон Хартли беше на 4то место, но заостана повеќе од секунда, Рикардо беше зад него, следуваше другото Торо Росо на 6то место и вториот Ред Бул на Макс Верстапен зад него. Двата болиди на Рено беа 8ми и 9ти, а Ботас последен во топ 10.

Водечкиот во поредокот Луис Хамилтон беше на 11то место, додека Себастијан Ветел беше 17ти.

Кими Раиконен беше најактивен на сесијата и единствен со над 20 кругови, комплетирајќи дури 28 со своето Ферари, Себастијан Ветел остана во гаражата, имаше само 4 кругови, додека возачите на Мерцедес вкупно 14.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.