Фантастичен последен круг му донесе на Кими Раиконен пол позиција пред тифозите на Ферари и нов рекорд на патеката. Пол позиција број 2 за Кими на Монца, а 18та негова во кариерата. Феноменалниот круг на финецот значи јубилеен 20ти пол за Скудерија Ферари пред домашните фанови и 219та победа на квалификациите за нив.

Себастијан Ветел со минимален заостаток дојде до 2ро место на сесијата за “окупација“ на првиот стартен ред од домашната екипа. Мерцедес во вториот ред, Верстапен 5ти, Гросжан најдобар од останатите.

Влажното време цел ден и можноста од 80% за дожд на квалификациите ги натера сите тимови да ги пуштат возачите на патеката веднаш по палењето на зеленото светло за почеток на воведните квалификациски 18 минути.

По К1 делот од квалификациите, возачите на Ферари заедно со Хамилтон беа класа за себе и се најдоа во 25 стотинки. Изненадување направи Серхио Перез, кој под одличното издание во Белгија, се надеваше на многу и на Монца, но отпадна во К1.

Роман Гросжан за една илјадитинка имаше побрзо време од Чеко што беше доволно да мине во К2, а мексиканецот да отпадне уште по воведните 18 минути. Шарл Леклер ќе почне зад Перез како 17ти, откако тој заостана илјадитинка зад Форс Индија. Брендон Хартли имаше 18то време за разлика од својот колега Гасли кој беше 12ти иако само десетинка побрз. Маркус Ериксон и Стофел Вандорн најбавн на сесијата и единствени кои не можеа побрзо од 1 минута и 22 секунди.

Средниот квалификациски сегмент повторно во доминација на Себастијан Ветел кој имаше речиси 2 стотинки побрзо време од Хамилтон.

Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо не излегоа на летечки круг во К2 и поради тоа нивниот пласман на квалификациите е на 14то и 15то место. Кевин Магнусен беше 11ти и за 2 илјадитинки му “избега“ 10то место на Пјер Гасли. Зад данецот, Фернандо Алонсо, а Сергеј Сироткин 13ти. Интересно, Ленс Строл со Вилијамс напредуваше во К3 за прв пат сезонава.

По првата серија летечки кругови, Луис Хамилтон на провизорна пол позиција со 7 стотинки подобро време од Кими Раиконен и десетинка побрзо од Себастијан Ветел. актуелниот првак го сруши рекордот на патеката на хуан Пабло Монтоја од квалификациите во 2004 година кој изнесуваше 1.19.525. Четврто време имаше Ботас, заостана 6 десетинки, а Верстапен на 5то место имаше двојно поголем заостаток.

Топ 3 возачите ги подобрија своето време, но Кими Раиконен го подобри рекордот на патеката возејќи 1.19.119 за пол позиција. Времето на финецот беше само 16 стотинки побрзо од тоа на неговиот колега Ветел, додека Хамилтон заостана 14 илјадитинки за германецот.

Валтери Ботас заостана половина секунда за 4то место, а Верстапен со 5то време беше секунда зад него. Роман Гросжан со Хаас најдобар од останатите, пред Карлос Саинз од Рено, а 8от Естебан Окон беше последен со помалку од 2 секунди заостаток. Петтиот ред за Пјер Гасли и Ленс Строл.

Победа од пол позиција во Монца до сега од пол позиција била остварена 24 пати, односно на 36% од трките, додека второпласираниот победил двојно помалку, 12 пати односно на 18% од трките.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.