Висок претставник на менаџментот на италијански Ферари потврдиле за медиумтие во Италија дека Маурицио Аривабене ќе биде заменет на чело на Формула 1 екипата од стран ана сегашниот технички директор, Матиа Биното.

Веќе неколку месеци од Маранело негираат дека ќе има промени во нивниот менаџмент за претстојната сезона откако и во 2018 година не успејаа да дојдат до својата цел, односно да освојат титула. Италијански инсајдери со добри познавања на ситуацијатата пишуваат дека Претседателот на Ферари, Џон Елкан, се решил дека Биното ќе го предводи славниот тим оваа сезона.

Официјална потврда сеуште нема, но италијанска Gazzetta dello Sport потврдува дека рокадата на челната позиција во тимот ќе се случи многу скоро. Во 2018 година многумина го обвинија Маурицио Аривабене за лошо раководење на екипата и грешки на трките за загубената титула, иако на почетокот на сезоната болидот на Ферари беше најбрз на патеката. Вината се гледа во италијанецот поради тоа што не спровел јасни тимски наредби како што Мерцедес го направија тоа во 2018 година.

Долго време се зборува за несолгасувања помеѓу Маурицио Аривабене и Матиа Биното, а во врска со насоката на разој и пристапот на тимот за да се прекине сушата во однос на освоените титули. Пред Божиќ Аривабене ги нарече вестите за негова смена лажни новости кои сакаат да му наштетат на тимот.

Матиа е технички шеф на тимот од 2016 година кога ја превзема улогата од Џејмс Алисон, кој замина во Мерцедес. Тој е во Маранело од 1995 година, најпрво како инженер за тест на моторите, а од 1997 година до 2003 година на слична улога, но на трка. По делот задолжен за моторите, стана главен инженер за КЕРС во 2009 година пред да стане оперативен шеф на одделот за мотори во 2014 година.

Доколку Биното ја промени работната позиција, сеуште е нејасно кој би го превземал неговото место, а шпекулациите велат дека шефот на аеродинамиката, Енрико Кардиле и шефот на оддлеот за развој на мотори, Коради Иоти се најсериозни кандидати.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.