Италијанците по навика удрија по Ферари и Фетел

2421
   

По трката во Јапонија која Ферари и нивниот возач Себастијан Фетел ја загубија од Мерцедес и дополнително си ги намалија шансите за титула, италијанските медиуми не пропуштија повторно да ги распнат.

На квалификациите тие решија да се коцкаат со интермедиа од почетокот и стигнаа до 4то и 9то стартно време, додека на трка Фетел беше нетрпелив и направи обид за претекнување на Верстапен кое резултираше со судар.

Откако се смирија страстите Фетел заостанува 67 поени зад Хамилтон, а Ферари се 78 поени зад Мерцедес. Италијанските медиуми удрија по црвениот тим во понеделникот:

La Gazzetta dello Sport: Ферари во рушевини. Нивните стратези прават грешки, слабиот возач никогаш не учи од грешките, тимскиот шеф го напаѓа тимот, а болидот е се послаб. Пред Монца никој не можеше ни да замисли таков колапс.

Corriere della Sera: Германецот додаде уште една грешка во неговата колекција на катастрофални грешки и го уништи својот фантастичен старт. Овие грешки се показател на тонење на четирикратниот првак, кој ја губи самодовербата.

La Repubblica: Хамилтон е блиску до рекордот на Фанџо, а сезоната на Ферари целосно колабира. Фетел одбра најлош момент да капитулира, а Ферари се распаѓа пот тимскиот шеф Маурицио Аривабене кој ја критикува сопствената екипа.

La Stampa: Можеби е лоша среќа, но исто така е и факт дека Себастијан Фетел повеќе не може да направи ништо како што треба.

Corriere dello Sport: Проблемот може единствено да биде во тимот и возачите, а Фетел е во голема криза.


Италијанците по навика удрија по Ферари и Фетел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>