Италијанските медиуми удрија по Ветел

1131

Како и секогаш кога нема да стигне до посакуваниот резултат поради грешка, така и овој пат, италијанските медиуми го нападнаа Себастијан Ветел. Тој беше на пат да победи по 52ри пат во својата кариера, но на влажната и лизгава патека не го исконтролира својот болид и заврши во оградата во пресрет на стадионскиот дел.

Во тие моменти Себ водеше на трката со 9 секунди пред својот тимски колега, а по трката тој го загуби челното место во поредокот и лидерското место на Ферари кај конструкторите. Како и секогаш италијанците беа безмилосни во нападите.

La Gazzetta dello Sport: Неговата грешка е очајна и може да биде причина поради Ферари ќе ја загуби титулата.

La Stampa: Германецот направи барем четири грешки на годинешните 11 трки. Талентот како светски првак не му е под знак прашалник, но неговото претерување му штети на Ферари.

Corriere della Sera: Мерцедес израбодија ремек дело во однос на предвидувањата и концентрацијата. Однесувањето на нивните двајца возачи направи разлика.


Италијанските медиуми удрија по Ветел

14 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>