Италијанските медиуми распалија по Ферари откако не успеаа да ја претворат пол позицијата во победа за прв пат по 2010 година.

Себастијан Ветел се судри со Хамилтон во првиот круг и заврши на крајот на гридот оставајќи го Кими сам да се бори за победа.

Сребрените стрели го оставија Раиконен беспомошен, каде Валтери Ботас го блокираше Раиконен кој ги потроши гумите и не успеа да се одбрани од Хамилтон.

Фернандо Алонсо останува последниот кој има победено за Ферари на Монца.

Раиконен освои пол позиција со најбрз круг во историјата на Ф1, но не супеа да ја прекине серијата од 109 трки без победа.

За Gazzetta dello Sport ова беше “Автогол на Ферари” бидејќи тие изгубиле се.

Corriere dello Sport објавија “Трката во стартуваше лоши и заврши уште полошо”

Историскиот преден ред на Монца беше уништен во првиот круг – беа дел од насловите на италијанските медиуми.

Тифозите на крајот ја искажаа својата фрустрација со извици кон Хамилтон и Ботас на подиумот.

Хамилтон изјави дека секој фан има свое мислење за различен возач и тим.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.