Шефот на Пирели, Марио , верува дека гумите не се единствената причина за невозбудливите Формула 1 трки сезоната и неможноста на возачите да возат на самиот лимит.

Шефовите на спортот се сконцентрирани на аеродинамички промени со цел подобрување на следењето и зголемување на бројот на претекнувања, но возачите сметаат дека годинава гумите многу негативно влијаеле. Прегревањето на пневматиците често ги приморуваше возачите да “олабават“ на трка и да бидат поконзервативни во изборот.

Марио Исола призна дека менаџирањето со гумите е клучно и потребно за да се избегне прегревањето, но според него постојат и други фактори кои влијаат на тркањето.

соочени со проблемот од 21-22 секунди колку што е потребно за менување на гумите, тимовите преферираат да ги забават возачите, но тоа не е само поради гумите затоа што има и други ограничувања како моторот и потрошувачката на гориво. лично и јас сакам да гледам возачи кои повеќе напаѓаат – појасни исола за Auto Hebdo.

Пирели доби и нов договор со Формула 1 што значи дека ексклузивно ќе ја снабдува тркачката серија со гуми се до крајот на 2023 година, а Исола најави работа со екипите и возачите за да се одреди вистински избор на гуми следната година.

можно е правилата да наложуваат минимум две застанувања во бокс, но тогаш постои шанса сите во исто време да застанат по промена. тоа е сложен проблем кој е тешко да се разбере и секоја донесена одлука мора да е соодветно проценета. имавме разговори со возачите на оваа тема исто како и со фиа и фом, но никој нема магично решение – заврши исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.