Шефот на Пирели, Марио Исола, тврди дека Ред Бул и Рено ќе бидат конкурентни во 2019 година.

Пирели воведоа поедноставен систем на пневматици за 2019, а новите пневматици би требало да им овозможат на тимовите да возат подолги стинтови во трката.

Тоа значи дека трките ќе бидат повозбудливи бидејќи нема да бидат приморани да ги чуваат пневматиците колку досега.

Со новите правила целосно ги редизајниравме пневматиците. Целта беше да се намали презагревањето и појавувањето на пликови – вели Исола.

Новите правила беа воведени во обид да се зголеми претекнувањето за 20 проценти. Запрашан кои тимови смета дека ќе имаат добра сезона во 2019, Исола го истакна следното:

Ред Бул ќе бидат блиску бидејќи промената во правилата не е толку голема. Не би бил изненаден доколку и Рено се конкурентни, бидејќи инвестираат многу.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.