Исола задоволен од гумите во Јапонија

99
   

Главниот за тркање во Пирели, Марио Исола, е задоволен од начинот на кој се однесувале гумите на италијанскиот производител за време на тркачкиот викенд во Јапонија и покрај тоа што времето било потопло во однос на претходните години.

Со температури повисоки одошто минатите години, знаевме дека пред нас ќе се постават дополнителни предизвици на патеката која бара многу од болидите. Тоа и беше случајот особено кон крајот на трката, но тоа не уништи ништо затоа што импресивните борби продолжија до крајот – појасни Исола.

Со Безбедносното возило на патеката, гридот не само што се зби, туку и болидите максимално ги користеа гумите, продолжувајќи ги своите планирани серии и пролонгирајќи ги промените.

Поради раното излегување на Безбедносното возило најголем дел од возачите успеаја да ја завршат трката со едно менување, а видовме и многу долги серии со исти компоненти. Мнпогумина одбраа да ја завршат трката на медиум, што е еквивалентен на ланскиот софт иако таа гума не се користеше многу на тренинг сесиите – заврши Исола.


Исола задоволен од гумите во Јапонија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>