Исола: Екипите мора да бидат подготвени на се

95
   

МАрио Исола, првиот човек на Пирели за Формула 1 смета дека променливото време во комбинација со новиот асфалт и однесувањето на гумите на истиот ќе донесат многу интересна трка претсојниов викенд на легендарниот Силверстон.

Од 1987 година Британското Гранд При е најбрза трка во календарот во однос на просечната брзина по круг, нешто што става огромен притисок врз пневматиците. Коцкањето на Ферари со гумите лани беше спектакуларно кога во последните кругови возачите на Ферари “ќарија“ дупнати гуми поради притисокот.

Годинешниве болиди рушат рекорди на сите патеки каде се појавуваат, така што Пирели мора многу да внимава на гумите кои се единствен контакт со подлогата. Софт, Медиум и Хард ќе се возат по Силверстон сезонава, од кои најтврдата компонента има деби во 2018 година.

Силверстон секогаш е огромен предизвик за гумите благодарение на страничниот товар кој може да стигне до 5Г и повеќе. Поради тоа одлучивме да донесеме хард компонента за прв пат годинава за да ги задоволиме карактеристиките на патеката. Но, поради тоа што целата гама е скалило помека годинава, изборот е исти како ланскиот.

Новиот асфалт ќе донесе побрзи времиња по круг, нешто што го видовме од нашата инволвираност во ГТ серијата, но и повеќе енергија ќе притиска на гумите. Поради тоа не се одлучивме да одиме класа подоле од лани.

Но, во Британија секогаш треба да се има на ум и времето кое од Сонце може одненадеж да префрли на дожд и сите мора да се подготвени на се – појасни Исола.


Исола: Екипите мора да бидат подготвени на се

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>