Исола: Гумите одлично се покажаа

56

Шефот на Пирели Моторспорт, Марио Исола, смета дека сите три компоненти кои снабдувачот со гуми ги донел на Хунгароринг одлично си ја завршиле својата работа по многу жешката патека и прегревањето предизвикано од температурата. Измерените температури на асфалтот крај Будимпешта достигнуваа и до 60 степени пред стартот и останаа на исто ниво во текот на сите 70 кругови.

Победникот Луис Хамилтон започна на ултрасофт пред да промени на софт во 25от круг и со жолитте гуми комплетираше 45 кругови, додека второпласираниот Ветел имаше обратна стратегија со цел да изненади и да дојде до победа.

Исола потсети дека поради вчерашните квалификации на мокра патека, екипите имале слободен ибор на гуми, а иста стратегија како Ветел имаше и даниел Рикардо кој почна од 12то место, а заврши на 4то.

Со дождливите квалификации вчера екипите имаа слободен избор на мазни гуми во пресрет на стартт на трката и донесе до разновидни стратегии. Ветел почна обратно од своите ривали што му овозможи да напредува, а тоа беше случај и со Рикардо – анализира Исола.

Првата серија со софт на Рикардо беше дури 45 кругови долга пред да промени на ултрасофт и да продолжи да напаѓа. Кога стигна до четвртопласираниот Ботас, гумите на финецот беа при крај што му овозможи на Рикардо да ја превземе неговата позиција.

И покрај квалификациите на мокри, Марио смета дека Т2 сесијата во Петок попладне дала доволно податоци за анализа при ковање на стратегија за трка каде владееле слични услови. Никој возач не се пожалил на гумите по трката, на која Пјер Гасли имаше најдога серија на ултрасофт од дури 32 кругови.

Податоците собрани во Петок беа доволни да се направи стратегија за трка откако патеката буквално се ресетираше по дождот. Како последица од тоа видовме многу различни тактики низ гридот, екипите добро ги користеа сите компоненти со оглед на температурите кои беа највисоки кои сме ги виделе овдека.


Исола: Гумите одлично се покажаа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>