Спортска Регулатива

Тим составен од специјално назначени инспектори има моќ да ги провери болидите во било кој момент од еден Гранд При викенд со цел да утврди дали истите се во согласност до техничката и безбедносна регулатива.

Болид не смее да учествува во една трка се додека не помине инспекција.

Секој болид се проверува најпрвин во гаражата на тимот во Четврток, односно Среда за Монако, додека инспекцијата официјално започнува 24 часа пред стартот на првиот тренинг и трае 6 часа.

Болидот мора повторно да биде проверен од инспекторите доколку тимот направил значителни промени или доколку бил вмешан во инцидент.

Како дополнение на инспекцијата, болидите исто така се мерат за време на еден викенд со цел да се утврди дали се во согласност со минималната тежина од 733 килограми.

Болидите кои учествуваат во Т1, Т2 или Т3 може непланирано да бидат избрани за мерење, додека сите болиди кои учествуваат во последниот трет сегмент од квалификациите се мери по сесијата.

Тие кои ја завршиле трката исто така се мерат по крајот на истата. Доколку возачот сака да излезе од болидот пред да биде измерен, тој мора да побара од технички делегат да го измерат него со цел неговата тежина да биде додадена на таа на болидот.

Секој учесник кој не е во рамките на минималната тежина може да го изгуби своето квалификациско време и да биде дисквалификуван од резултатот во трката, освен доколку не бил вмешан во инцидент или доколку недостасува дел од болидот.

Техничка Регулатива

Болидот мора да тежи најмалку 733 килограми, вклучувајќи го возачот и сета безбедносна опрема, но не и горивото за време на еден тркачки викенд.

Болидите секогаш се мерат со пневматици за сува подлога.

Тежината на предните и задните тркала не смее да биде 333, односно 393 килограми за време на квалификациите.

Тимовите смеат да користат баласт за да ги доведат болидите до потребната тежина, но истиот мора да биде фиксиран на болидот. Истиот не смее да се отстрани или додаде за време на трката.

Со исклучок на компресирани гасови, никаква субстанца не смее да се додаде во болидот за време на трка. Доколку е потребно да се замени некој дел на болидот за време на трката, новиот дел не смее да тежи повеќе од оригиналниот дел.