Имола сака назад на календарот

290

Големата награда на Сан Марино се возеше во Формула 1 до 2006 година, по што историската патека беше отстрането од календарот и не се појави повторно. Шпекулациите на италијанските медиуми велат дека организаторите и сопствениците на патеката сакаат да се вратат во Формула 1.

Спроед FormulaPassion, првичниот план на Имола бил да го заземе местото на Монца како организатор на Италијанско Гранд При, но откако Ломбардија неодамна доби продолжување на договорот, тоа не е опција. Новиот план е да се направи Голема награда на Европа на патеката во Сан Марино, откако последни со тој епитет трки организираа Баку во Азербјџан, на претходно и шпанска Валенсија.

Имола никогаш не била патека која изобилувала со претекнување, дури и во минатото коа претекнувањето на било проблем на Формула 1, поради тесната конфигурација. Согласно тоа, тешко е да се предвиди како патеката ќе се вклопи во моделот на Либерти Медиа кои сакаат претекнување и зачинување на шоуто на трките. Секако дека враќање на трката на календарот најмногу ќе биде поздравено од италијанците поради што ќе добијат нова шанса да го гледаат својот омилен Ферари.

Секако дека оваа патека е најпозната по тоа што на трката во 1994 година таму животот го загуби Аиртон Сена.


Имола сака назад на календарот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>