Производителите на мотори во Формула 1 многу често прават меѓусебни мерења на перформансите од агрегатите кои се базираат на ГПС податоците од движењето на болидите. Во минатото, производителите шпекулираа со бројот на коњските сили кои излегуваа од нивниот мотор, на тие податоци не можеше со сигурност да се верува, но беа добар маркетиншки потег за да се види кој до каде стасал. Но, денешната технологија донесе транспарентност во тој поглед.

Во објавените технички податоци за агрегатите го има само она што е согласно правилата, 1,6 литри зафатнина, 6 цилиндри, 24 вентили пог агол од 90 степени, 15.000 вртежи во минута, турбо полнач, тежина од 145 килограми, 120 киловати електромотор. Нема ни траг ни глас од перформанси, а тоа најмногу ги интересира фановите.

Тимовите ги земаат ГПС податоците, користат фотографии за да го пресметат предниот дел на болидот и да дојдат до податок за силината на секој мотор согласно забрзувањето и максималната брзина. Сите го прават тоа е таму е конкуренцијата, иако податоците варираат од еден до друг производител поради техниките на пресметка.

Производителите ги мерат само силините на моторите со внатрешно согорување затоа што кинетичкиот МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата мора да допринесува само со 120 киловати, односно 163 коњски сили. Процентот кој се генерира од хибридниот МГУ-Х дел од сосема друго и кога истиот произведува струја, моторот со внатрешно согорување може да загуби и до 40 коњски сили поради повраток на притисокот.

На квалификациите сите возат со таканаречен мод Super Freeload. Турбината се придвижува само од електрична енергија, а прекумерниот притисок се испушта преку отпусни вентили во атмосферата наместо да се користи за генерирање на струја. Батеијата е е целосно полна пред почетокот на кругот што е доволно за цел круг, а поради тоа што притисокот не се враќа во моторот, внатрешното согирување може да продуцира најмногу коњски сили.

Според мерењата, Ферари произведува 790 коњски сили само од моторот со внатрешно согорување, а на Мерцедес на квалификации му фалат некои 10-тина коњски сили, додека за време на трка моторите имаат исти перформанси, освен кога Ферари го уклучува својот afterburner. Рено и Хонда драматично заостануваат, последната Ц спецификација на Рено доаѓа со 730 коњски сили на квалификациски мод, но истата ја користи само Ред Бул, а постарата Б спецификација има околу 710 коњски сили. Хонда во моментов располага со 715 коњски сили.

Рено најавија дека до крајот на сезоната нема да имаат нова спецификација, но се очекува во Америка јапонците да донесат нов мотор кој досега има 7.000 километри тест на динамометарот и истиот, кој е нивна 3та спецификација, треба да развива 750 коњски сили.

Сирил Абитебул за германските медиуми летоска изјави дека Рено се околу 15 коњски сили за Мерцедес и Ферари, но 25 коњски сили пред Хонда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.