Издржливоста на моторот на е на задоволително ниво и целосно различно од претходните три години кога јапонците беа апртнери со Мекларен.

За оваа сезона Хонда беше единствен снабдувач на мотори во Торо Росо, а заеднички освоија повеќе поени одошто во две од трите сезони минати во Вокинг. Во Бахреин Торо Росо стигна дури и до 4то место, најдобар резултат за Хонда од враќањето во врвот на моторспорт, а перформансите дојдоа паралелно со подобрена издржлибост и квалитет.

Хонда во Мекларен во 2017 година беше виновна за 9 откажувања од трка, додека Пјер Гасли и Брендон Хартли лани само три пати се откажаа поради моторот на јапонците. Откажувањето на новозеланѓанецот беше поради тоа што во Силверстон се судри и имаше премалку време целиот болид, заедно со моторот, одново да биде составен.

беше тешко да се постават некакви очекувања и цели на почетокот на оваа сезона затоа што имавме целосно нов паррнер. минатите години имавме многу проблеми и откажувања, така што сезонава издржливоста ни беше приоритет, паралелно со перформансите. со постигнатата издржливост сме задоволни затоа што бевме на друго ниво споредено со претходните години – објасни тојохару , техничкиот шеф на хонда.

Јапонците имаа проблеми уште на првата трка кога моторот со внатрешно согорување на Гасли се оштети проади проблеми со турбо полначот и МГУ-Х топлинскиот дел, но тоа беше познат проблем затоа што Хонда тогаш користеше лански Систем за повраток на енергијата. На следната трка во Бахреин, дојде и новиот топлински дел од системот со кој јапонците немаа проблеми до крајот на сезоната и им помогна да ја добијат и довербата на Ред Бул за следните две години.

Кон крајот на сезоната се засилија проблемите и промените на моторите, но тоа беше само поради фактот што Ред Бул дозволи засилено експериментирање со цел за следната година да се добие многу посилен мотор од првата трка.

може да тестирате колку сакате на динамометарот, но никогаш нема да создадете исти услови, исти возни својства на моторот како на патеката. проади тоа кон крајот на сезоната ние работевме за следната спецификација, не беше неопходно да се промени мотор во мексико и америка, но ние го направивме тоа.

хонда разви нешто и ние сакавме да видиме колку е тоа добро, како се вклопува во болидот, какви се осцилациите, менувањето брзини… сакавме да видиме како стоиме со перформансите, но само моќта, туку и другите детали – објасни шефот на торо росо, франц .


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.