Изборот на Пирели за Мексико

226
   

За Големата награда на Мексико, италијанскиот доставувач на гуми во Формула 1, Пирели, имаше агресивен пристап во врска со изборот.

Италијанците се решија за трите најмеки компоненти во својата гама, црвениот суперсофт, малку помекиот ултрасофт и најмекиот хиперсофт, комбинација која се користеше и во Монако и Канада, патеки кои малку “ги јадат“ гумите.

Во Мексико традиционално деградацијата е поголема од Монако и Канада поради двата ултра брзи сектори, по кои има и летечки кривини, но меѓу нив има и доста бавен дел.

Лани Пирели користеше софт, суперсофт и ултрасофт, а сезонава одбраа да бидат поагресивните согласно податоците од ланската трка.

Според правилата, хиперсофт е задолжителен за последниот квалификациски сегмент, а барем една од другите две компоненти мора да бидат возени на трка. Пирели дава по еден сет од сите, а останатите 10 сетови си ги бира секој возач.


Изборот на Пирели за Мексико

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>