Изборот на Пирели за Америка

133
   

Снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, ги откри компонентите кои ќе ги понуди за Големата награда на САД во вториот дел од сезоната.

ИТалијанците се решија за ултрасофт, суперсофт и софт компонентите со оглед на барањата на возачите и карактеристиките на асфалтот на Патеката на Америките во Остин, Тексас.

Вообичаено, сет ултрасофт е наменет за последниот сегмент од квалификациите додека една од најтврдите компоненти мора да биде возена на трка, се разбира доколку патеката е сува.

Останатите 10 сетови од дозволените 13 си ги бираат сами.

Тоа значи дека до крајот на сезоната остануваат гумите непознати само за последните три трки и тоа Мексико, Бразил и Абу Даби.


Изборот на Пирели за Америка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>