Менаџерот на Стофел Вандорн, Алесандро Алуни Брави е сигурен дека иднината на неговиот клиент е обезбедена.

Белгиецот беше отпуштен од Мекларен после две години поминати во тимот и на негово место доаѓа Ландо Норис.

Добро е што ја знаеме официјалната ситуација. Јас сум сигурен дека тој ќе има позиција а нема да биде резервен возач. Тоа ни е приоритет. Стофел е одличен возач и има две години искуство со тим со пролеми. Тој научи многу од Алонсо кој е еден од најдобрите негови колеги. Имаме повеќе планови за него.

Има гласини дека Вандорн ќе се приклучи на Заубер кој го води неговиот поранешен шеф Фред Васур.

Друга опција е ТОро Росо кои бараат двајца возачи откако Гасли ќе замине во Ред Бул а позицијата на Хартли не е обезбедена.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.