Комерцијалниот директор на Формула 1, Шон Брачес, посочува дека Британското Гранд При би можело да се одржи на друга патека, а не на Силверстон.

Минатата година, шефовите на Силверстон ја активираа клаузата за прекинување на договорот, а настанот во 2019 година, моментално и официјално, е последниот кој би се одржал под сегашнииот договор.

Либерти Медиа, кои се сопственици на Формула 1 од 2016 година, сака да ги задржи историските трки како Британското Гранд При, но во исто време ја најави трката во Мајами, а го потврди и Виетнам за 2020 година.

Во интервју пред Бразилското Гранд При, Брачес беше прашан дали има простор за трки како Британското и Италијанското Гранд При да одстапат место за улична трка.

Ние сме институција која постои 68 години, а природата на Гранд При трките е динамична. Силверстон беше првата таква трка, но не се тркавме на Силверстон сите тие години. Трката се одржуваше и на Брандс Хеч и на други патеки.

Ништо не е непроменливо во овој спорт. Некои трки ги вреднуваме многу и правиме се што можеме да ги задржиме, но ние сме исто така бизнис.

Ние сме јавна компанија и имаме многу акционери и се обидуваме да го споделиме најдоброто за фановите, но и за бизнисот – вели Брачес.

Британското Гранд При е дел од Формула 1 календарот откако започна светското првенство во 1950 година. Силверстон е домаќин на патеката од 1987 година, разменувајќи се со Брендс Хеч, две декади претходно и моментално е единствената патека во Британија која е способна да одржи Гранд При.

Брендс Хеч и Донингтон Парк не се на нивото барано од Формула 1, но на почетокот на годината, тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека Либерти сака трка во Лондон.

Брачес појасни дека градски трки се голем фокус за Формула 1, бидејќи публиката е поблиску, поради што Виетнам ќе му се приклучи на Монако, Сингапур и Азербејџан како градски трки.

На сето тоа гледаме на три различни начини. Најпрвин, сакаме да ги зачуваме историските трки, тие се важни за Формула 1 и се многу важни за фановите. Говорам за Силверстон, Спа, Монца и слични патеки.

Потоа имаме улични трки, каде се тркаме во паркови и улици во нив, како во Мелбурн, Монтреал и Мексико Сити.

Третиот дел се инфраструктури кои што се наменски изградени, како Шангај, Остин, Брахреин.

Покрај сето ова, гледаме кон идни улични трки, како оваа трка во Виетнам, кој е наш иден чекор кон визијата – додаде Брачен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.