Првиот човек на Мекларен, Зек , изјави дека нивниот дебитант, Ландо Норис, ќе добие шанса да се докаже и да се развие во својата прва Гранд При тркачка сезона.

Легендарната екипа од Вокинг одбра да му даде шанса на 19-годишникот кој 2018 година ја заврши на второ место во Формула 2 тркачката серија, на штета на Стофел Вандорн кој замина од тимот. Лани Ландо беше развоен возач и резервен пилот на тимот, а неговиот талент се смета помеѓу најголемите во моторспортот.

формула 1 може да биде сурова средина. мораме да ги менаџираме нашите очекувања, а не да судиме и донесуваме заклучоци по 3-4 трки, нешто што често и се прави. дефинитивно ќе добие време да се развие. во формула 1 има огромен притисок и прва работа што се прави при влезот во спортот е споредбата со вашиот тимски колега – изјаби браун за британски The Sun.

Норис ќе има силен противник во одличниот 24-годишник, високо рангираниот Карлос Саинз, кој ќе го вози другиот портокалов болид, возач кого Зек многу го цени.

очекуваме силно да се тркаат и притискаат еден со друг, но сетоа тоа да биде чисто. од време на време секако дека ние ќе ги споредуваме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.