Шефот на Мекларе, Зек , смета  дека моделот на “Б тимови“ кои Хаас го користат во однос на Ферари, значи откажување од било каква борба за титула уште пред стартот на првенството.

Анерканците имаат широка техничка соработка со славниот италијански тим и тоа го прават уште од самиот влез во тркачката серија во 2016 година кога од Маранело ги набавија сите делови од дозволената листа на ФИА, како мотор, менувач, суспензија и слични елементи. Нивната соработка е целосно легална, иако не им се допаѓа на многу екипи на гридот и сите го критикуваат пристапот. Поради тоа, Зек сака поголема чистина и јасност во однос на правилата кои дозволуваат таков модел.

мислам дека хаас направија навистина одлична работа со оглед на ресурсите со кои располагаат и тоа дека се многу млада екипа. мора да им се восхитувате и да го почитувате тоа што го направија. сметам дека либерти мора сериозно да го анализира моделот на “б екипи“ затоа што сметам дека големите тимови имаат голема корист од тоа.

користа која што ја имаат големите екипи е од техничка до политичка, а и со оглед на она што го гледавме на патеките, односот е сомнителен. формула 1 не треба да биде таква, за подобро здравје и корист на самата тркачка серија.

либерти имаат свој план за “б тимовите“ и до кој степен може две екипи да бидат поврзани – објасни главниот извршен директор на мекларен.

Зек гледа корист за двете страни при таква широка техничка соработка, но смета дека има и недореченост на правилата.

ние веруваме дека б-екипите никогаш нема да може да се тркаат со а-екипите и поради тоа таквиот бизнис модел е краткорочен, но брзо ве прави поконкурентни и ве става во подобра финансиска позиција. со таков модел се откажувате од било каква помисла на титула од самиот почеток.

клучно е за либерти и за формула 1 светот да се реши тој проблем за сите екипи да имаат еднакви шанси да се тркаат да титула во изедначена серија – смета браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.