Зек Браун, првиот човек на Мекларен, сеуште смета дека тимот донел правилна одлука што преминал на мотори од за 2018 година.

Вториот најтрофеен тим во спортот на крајот на 2017 година ја заврши тригодишната неуспешна соработка со Хонда и стана муштерија на Рено. Минатата година стигнаа до 6то мест кај конструкторите, но ќе беа позиција поназад доколку Форс Индија односно Рејсинг Поинт не ги загубеше поените освоени до Спа.

Тимот ја почна минатата сезона силно откако Фернандо Алонсо освои поени на првите пет трки, додека Стофел Вандорн имаше топ 10 пласмани на 3 од првите 4 тркачки викенди. Како пто одминуваше сезоната, формата на екипата паѓаше, нешто што Зек смета дека е поради самиот болид.

среќни сме и задоволни со рено. предизвикот кој го имавме минатата сезона не беше моторот, туку се појавија други проблеми. не верувам дека нити моторот ќе биде предизвик следната година – смета зек.

Хонда лани го снабдуваа Торо Росо со мотори и беа многу посилни одошто сезоните со Мекларен, а следните две години јапонците ќе имаат две екипи на гридот откако Ред Бул потпишаа двегодишна соработка со нив. Но, Браун смета дека резултатите на Ред Бул кон крајот на првенството покажале дека Мекларен направиле вистински избор.

хонда продолжија да се развиваат и направија одлична работа, тоа не не изненадува. мило ми е што сеуште се во спортот затоа што тоа и го сакаа. рено ја заврши сезоната со 4-5 погидуми, победија и на неколку трки така што сме убедели дека долгорочно донесовме исправна одлука.

Големата награда на Австралија сезонава ќе биде 5та година по последниот подиум на тимот, кој им го донесе Кевин Магнусен, а Зек открива дека има план за враќање на врвот од гридот.

презентирав петгодишен план, а во тој план мислиме дека има патешествие за да се вратиме на победничките патеки, а потоа и да се тркаме за титула. поставивме темели, направивме инвестиција, а патот за враќање на добрите патеки е пред нас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.