Откако ја загуби Европската Формула 3 титула сезонава и со тоа не ги освои потребните поени на својата суперлиценца за да може да управува со Формула 1 болид, Даниел Тиктум ќе се трка по јуниорските серии во текот на зимата за да дојде до 40 поени.

Во моментов тој има 32 поени и тоа 25 освоени поради второто место во Европската Формула 3 серија сезонава, 5 за победата на Макао Гранд При лани и 2 за неговото 6то место во МСА Формула во 2015 година. Сепак, двата поени од пред три години ќе ги загуби на крајот од сезонава.

навистина е вознемирувачки, имам доволно поени да тестирам и се останато, но немам доволно поени за да одработам трка. имам доволно за да воам на петочни тренинг сесии, но треба да дојдам до 40 на почетокот од следната сезона, затоа што никогаш не знаете што може да се случи.

имам ногу можности кои можам да ги искористам како Мрф челинџ и тркачката серија на тојота. доколку постои можност да поени, јас ќе се тркам – појасни тиктум.

ТРС Челинџ носи седум поени за првакот, а во врска со следната сезона, неговите очекувања се да се трка во јапонската Супер Формула откако поради поените на суперлиценцата не доби можност да вози во Формула 1 догодина.

Формула 2 зависи од буџетот и тоа ќе биде тешко за Ред бул и за татко ми. неверојатно е колку се огромни трошоците во формула 2 во моментов. ако најдеме разумен предлог со добра екипа не ја исклучувам ни таа можност, иако во моментов е тешко остварливо.

ако имам добра сезона следната година мислам дека ќе имам можност да возам во торо росо годината потоа. треба да се осигурам да не погрешам ништо во 2019 година, да испеглам некои недостатоци и треба да сум добар – заврши тиктум.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.