За Форс Индија, Рено се “пострашни“ од Мекларен

140

Боб Фернли, вториот човек на Форс Индија, верува дека Рено се најголем конкурент за нив сезонава, поголем од Мекларен кој во моментов се на 4то место во поредокот. Тимот од Силверстон заостанува 16 поени од 4то место кое го имаат две години по ред, а по подолго време, на последната трка во Баку, стигнаа до повеќе поени од конкурентите.

Мислам дека генерално сме 4ти најбрз болид на патеката земено во предвид како трка така и квалификации, но исто така сметам и дека тоа зависи од патеката.

Сеуште целосно не сме ја разрешиле корелацијата на податоците во однос на аеродинамичките проблеми, но посилни сме, како што покажавме во Азербејџан. Подиумот во Баку ни дава можност повторно да се надеваме на 4то место, а не донесе и на 6то место во поредокот кај конструкторите, зад Мекларен и Рено.

Сметам дека во Бахреин и Кина можевме да бидеме пред Мекалрен, но инцидентите во првиот круг не спречија во тоа. Од друга страна, Рено се многу константни и веројатно ќе бидат најтежок конкурент сезонава – анализира Фернли.


За Форс Индија, Рено се “пострашни“ од Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>