Доколку Луис Хамилтон заврши повисоко од 7мо место денеска во Мексико, ќе ја освои шампионската титула повторувајќи го истото од пред 12 месеци. Лани британецот не заврши на подиум, но собра доволно поени за да стигне до титула, а прославата беше чудна затоа што шампионот го немаше на подиумот. За да се избегне ова, организаторите имаат резервен план доколку се повтори ланското сценарио.

Беше одлично што Луис стана шампион токму на нашата патека, дури и покрај тоа што не дојде до подиум лани, но секако дека беше по малку чудно. Имавме прослава на подиумот, имавме и шампионска прослава каде беше Луис, но во падокот со неговиот тим Годинава ќе бидеме подобро подготвени за слично сценарио, доколку Луис повторно стане првак, прославата ќе биде одлична – најави Алехандро Соберон, промотерот на Големага награда на Мексико.

Првакот го добива својот шампионски пехар откако сезоната официјално целосно ќе заврши, но ФИА и Формула 1 дозволуваат прослава на трката на која трофејот и теоретски се освојува.

Формула 1 и ФИА може да бидат многу пофлексибилни одошто луѓето веруваат ако вистински им се пријде со вистинска идеја. Се што сме побарале од нив било примено, но секако дека не предлагаме некакви глупоти. За сите работи треба консензус, така што годинава имаме План Б за прослава на титула.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.