Ред Бул доби дополнителна помош во целта да бидат подобри со својот нов партнер од почетокот на следната година, откако нивниот снабдувач со гориво, Мобил откри дека екипата ќе добие ново гориво.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

На последните две трки од сезоната јапонците од Хонда ќе ја финализираат спецификацијата за 2019 година, а во исто време и од Ексон откриа дека се многу понапред со своите производи одошто во истиот период лани. Турбо хибридната ера става голем акцент врз снабдувачите со гориво и масло за вадење на максимум од моторите поради што производителите на мотори работат многу блиску со доставувачите на гориво.

кога беше објавена соработката на хонда со торо росо лани тоа значеше дека треба да се подготвиме за тестовите во барселона уште од декември, што значеше многу кус рок. Сега по цела година работа, прилагодување и тестирање, веќе работиме за следната година и сме во ситуација во која сакаме да бидеме.

не сакате да ги работите сите новини и подготовки во текот на годината и само на крајот да работите за следната година. Подобро е работата за 2019 година да почне колку што може порано.

повторно добиваме шанса да работиме со момците во хонда, се зближуваме со нив, работата тече, тестовите се одвиваат, почнуваме да работиме на цилиндарот со калибрација на в6 моторот и горивото. според планот сме.

возбудени сме затоа што сме во одлична позиција и тие ќе го имаат вистинското гориво и вистинските масла за следната година – објаснуваат од ексон.

Факт кој му оди во прилог на Ред Бул е и тоа што Ексон ќе биде е факто фабрички снабдувач на Хонда, за разлика од муштериите на Рено и Мерцедес кои имаат свои договори за гориво и масла. Поради тоа, брзината со која ќе се носат новините ќе биде зголемена.

не би рекол дека тоа е огромна предност, но е голем чекор во однос на тоа каде сме во моментов и тестираме за некој друг.

во нашата соработка со претходните произведувачи на мотори, тестот не беше приоритет, но овој пат тоа ќе биде и тоа е најдоброто сенарио.

имаше некои коментари од почетокот на сезоната и вистина е дека ако имате еден снабдувач за гориво и масло за моторот ќе се минимизираат двојните тестови и ќе се скрати времето. веќе гледаме награда од брзиот одговор кој го добиваме што значи можеме брзо да ги прилагодиме и нашите податоци и кога тоа се завршува за недели наместо месеци, има разлика.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.