За Гросжан, Сузука е омилена патека

57
   

Роман Гросжан уште еднаш појасни дека Хаас целат да ја превземат 4та позиција на Рено на пет трки пред крајот на сезоната, а американците заостануваат 11 поени во тој обид. Французинот појасни дека Сузука е негова омилена патека и сака да повтори топ 10 резултат каков што имаше три пати во Јапонија. Пред Русија Хаас потврди дека нивните возачи нема да се променат во 2019 година.

Секогаш е добро однапред да ја знаете иднината, а мојата и на Кевин беше потврдена во Русија. Тоа е позитивна работа и можеме да се насочиме кон иднината.

Дефинитивно Сузука ми е омилена патека и секогаш сакам да се враќам таму. Сакаме да бидеме добри на секоја патека, ќе се бориме колку што можеме за тие поени и за да го стигнеме Рено.

Тешко е да се каже зошто толку ја сакам Сузука, може поради текот на патеката, кривините, брзата природа на автодромот. Исто така постои и ризик со песокот крај патеката и тесните делови. Се на се одлично е да се вози таму, едноставно е така – смета Гросжан.

Во 2013 година Роман водеше 26 кругови во Јапонија, најмногу на трка во својата кариера. Тој зборува за тоа искуство кое го зема како своја мотивација.

Водев 26 кругови, но загубив позиција од Ред Бул. Чувството беше одлично, се сеќавам дека си кажав на себе дека сите камери во светот ме снимаат мене. Чувството да се води беше одлично, се сеќавам дека одев кон железничката станица по трката и имаше неверојатно голем број на фанови – се присетува Гросжан.


За Гросжан, Сузука е омилена патека

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>