Валтери откри дека по тешката 2018 година, секоја трка од календарот следната година ќе ја третира како да му е последна во кариерата.

Сезонава зад нас финецот ја окарактеризира како најтешка во неговата кариера, откако не победи на ниту една трка со конкурентнио Мерцедес, во сезона во која Хамилтон победи дури 11 пати.

Следната година притисокот ќе биде и поголем поради тоа што Валтери ќе се бори и за своето место во тимот откако Естебан Око по 2019 година мината како тест возач, очекува враќање во кокпитот на фабричката екипа за 2020 година.

овој спорт е интересен, никогаш не знаете што носи иднината, но мислам дека следната година ќе немам што да изгубам. ќе дадам се од себе и ќе возам на секоја трка како да ми е последна во животот. тоа е добар план за почеток – најави ботас.

Иако неговата сезона не ги оправда резултатите во однос на очекувањата, тој смета дека има и позитивни работи кои треба да ги извлече.

анализиравме и зборуавав со момците во тимот, квалификациската брзина и тркачкиот ритам споредени со мојот колега, ми се подобрени годинава гледано во просек, што е позитивно, но резултатите изостанаа. следствено, треба да размислиме зошто резултатите не се тука, јасно е дека понекогаш немавме среќа, понекогаш во игра ба различни причини но … сметам дека перформансите годинава ми беа подобри од ланските.

Сепак, Валтери призна дека никогаш не ја загубил вербата во себе и тоа дека има брзина да го победи својот колега Луис Хамилтон.

во овој спорт, кога понекогаш размислувате за себе, размислувате за различни работи. главно е секогаш да размислувате дека мора да се подобрите и поради тоа јас никогаш не сум кажал дека сум доволно добар. сеуште верувам и покрај разочарувачката сезона дека може да се подобрам и да го победам мојот колега.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.