Фернандо призна дека Михаел Шумахер бил негов најголем ривал во Формула 1 кариерата, иако е свесен дека конкуренцијата низ годините се зголемувала.

Шпанецот се збогува со Формула 1 и се подготвува за Индијанаполис 500 во 2019 година како и остатокот од ВЕЦ ендјуранс првенството. Фернандо го симна од тронот токму Михаел Шумахер во 2005 година, а се бореше со него и следната и повторно го победи.

тешко е да се избере најтежок ривал, но ако морам да изберам тоа е михаел, не поради некоја особена причина, туку затоа што кога јас дојдов во спортот, тој доминираше. бев во картинг и михаел победуваше, напредував во јуниорските категории, а тој повторно победуваше и на крајот се најдов рамо до рамо со него во иста тркачка серија.

битките со него дефинитивно беа посебни и емотивни во тоа време. во моментов веројатно ја имаме најталентираната генерација по подолго време и сите возачи се максимално подготвени – смета алонсо.

Алонсо објаснува дека стандардите за возачите се подобриле во текот на времето во спортот во кој младите возачи мора да се се посилно подготвени уште од јуниорските категории. Најголем дел од Формула 1 дебитантите возат низ неколку јуниорски категории пред да стигнат до врвот на моторспортот и да добијат Формула 1 шанса.

младите возачи минуваат повеќе време во симулатор и паралелно со тоа возат во јуниорски категории така што влегуваат во формула 1 подготвени на многу повисоко ниво одошто во мое време, пред 1-2 децении.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.