Според извори од Италија, Заубер ќе биде првиот тим кој ќе го проба својот нов болид за 2019 година на патеката, а тоа ќе се случи на 14 Февруари.

Краткиот тест, што ќе се квалификува како ден за снимање и кој ќе биде ограничен на 100 километри, ќе се одржи на патеката Фиорано во сопственост на Ферари.

Ферари, кој ќе го откријат својот болид на 15ти Февруари, ќе гледа со големо внимание кон тестот на Заубер, кои го користат истиот мотор и делови во задниот дел. На тестот ќе учествува или Кими Раиконен, или Антонио Џиовинаци.

Официјалниот пред-сезонски тест започнува во Барселона на 18 Февруари, додека вториот ќе се случи помеѓу 26ти Февруари и 1ви Март.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.