Од Заубер најавуваат дека чекаат Ферари да решат што ќе направат со Кими Раиконен и Шарл Леклер за да го направат својот избор за возач за следната година. Швајцарската екипа може сама да одбере еден возач, но другото место е резервирано за главниот спонзор Алфа Ромео, односно Ферари. Одлуката за тоа кој ќе вози во Хинвил следната година треба да биде донесена до 15 Октомври.

Скудерија размислува дали следната година да продоли со Кими Раиконен во болидот или пак да го земе Шарл Леклер од Заубер. Доколку во Маранело се одлучат за финецот, им претстои и одлука дали да го остават Шарл и следната година во Заубер или пак ќе го преместат во Хаас, а Џовинаци би го заменил во Хинвил.

Можеме да избереме возач пред да одбере Ферари, но комбинацијата е многу поважна и затоа е подобро да го знаеме тандемот. Не притискам нигкого во Ферари, мислам дека медиумите многу повеќе ги притискаат одошто јас.

Не знам кога го потврдија Кими лани, мислам дека беше доцна во сезоната. Одлуката на Рикардо ништо не промени и тие не брзаат да решат ништо – смета Фредерик Васур, првиот човек на Заубер.

Французинот смета дека е премногу рано да се разговара за возачите во неговата екипа затоа што традиционално тие многу доцна решаваат кој ќе вози за нив.

Искрено, ако го анализирате минатото, сеуште сме рано во сезоната. Ако видите што се случи лани или годините претходно, во овој дел од сезоната речиси ништо и да не беше познато. Не знам што се случи во текот на летото, дали имаше монсун или нешто слично, но пазарот на возачите полуде. Но, ние остануваме смирени.

За мене најважно е да сум фокусиран на трката која претстои. Спа и Монца се два важни настани за нас и сакам да ги носачам возачите и сите во екипата на вистинскиот пат што не е лесно.

Кога голем дел од мозаикот ќе се спои, кога коцките ќе дојдат на место, ќе склучиме договор и тоа ќе го објавиме – најави Васур.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.