Заубер чекаат на Ферари да одлучи за Џовинаци

230

Екипата на Заубер чека на Ферари да одлучи дали Антонио Џовинаци ќе вози за швајцарската екипа во 2019 година, според извештај на Motorsport.com

Договорот помеѓу Заубер, Ферари и компанијата Алфа Ромео му овозможува на италијанскиот тим да номинира еден возач во екипата од Хинвил, со краен рок до 15 Октомври.

Во 2018 година, тоа место беше исполнето со Шарл Леклер, кој ќе се трка за Маранело од наредната година. Антонио Џовинаци, кој стартуваше на 2 трки за Заубер минатата година, чекаше да го превземе местото на Леклер наредната година.

Неочекуваниот трансфер на Раиконен во Заубер за 2019 година за многумина значи крај на шансите за Џовинаци.

Сепак, договорот на финецот е независен од моменталните договори со Маранело, а според тоа Ферари сеуште има можност да номинира возач за следната сезона. Проблемот за Ферари е што Џовинаци е мошне почитуван како возач во симулатор, а по можноста Даниил Квјат да го напушти Ферари за враќање во Торо Росо следната година, тимот не би сакал да го изгуби и Џовинаци.

Џовинаци исто така сака да се врати на тркањето. Тој доби уште една година од Ферари за симулаторски задачи, така што останува да се види дали тој би останал. Во секој случај, изгледа дека Ферари ќе бараат нов возач за симулаторот со моментално Формула 1 искуство.

Една очигледна компликација за менаџментот на Заубер е што Маркус Ериксон има подршка од истите инвеститори кои се сопственици на тимот и доколку Џовинаци е номиниран, швеѓанецот ќе го изгуби своето место.

Сепак, според внатрешни информации, “поголемата слика“ секогаш ќе има приоритет, а со тоа позицијата на Ериксон не е гарантирана. Дури и Ферари да не го постави Џовинаци во Заубер, Ериксон би можел да биде опција за местото, покрај Стофел Вандорн, кој сега е достапен. Белгиецот има блиски врски со Фред Васур, неговиот шеф од 2014 и 2015 година, додека неговиот менаџер, Алесандро Алуни Брави, е директор од Заубер.


Заубер чекаат на Ферари да одлучи за Џовинаци

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>