Исто како и на Руското Гранд При во Сочи, Заубер ќе има два болиди помеѓу првите 10 и во Мексико откако Шарл Леклер беше 9ти, а Маркус Ериксон 10ти на вчерашните квалификации. За штитеникот на Ферари ова е 3то последователно појавување во К3 квалификацискиот сегмент и 6то сезонава, иако тој признава дека ќе треба многу да се потруди за да ги задржи ривалите со различни гуми од него зад себе.

Среќен сум и задоволен од квалификациите, 9то место и уште еден К3 пласман. Перформансите беа силни и напреднавме во однос на Петок. Ќе биде голем предизвик да се задржат конкурентите затоа што ние стартуваме на хиперсофт гуми на кои се кваликувавме. Ќе дадеме се од себе и се надеваме дека ќе биде доволно за добри поени откако немавме многу среќа на последните две трки – најави Леклер.

Маркус Ериксон само втор пат сезонава се наоѓа пмеѓу првите 10 на квалификациите откако екипата напорно работела во текот на ноќта да го оптимизира и подобри Ц37 болидот.

По тешкиот Петок се работеше напорно ноќеска за да се подобриме за квалификациите. Резултатот е одраз на фантастичната тимска работа, како на патеката така и во фабриката. Направивме неколку промени кои се исплатеа, болидот е многу подобар уште од Т3 сесијата.

Квалификациите беа одлични и се чувствував одлично што дојдов до К3 делот. Беше добра работа од сите и треба да имаме добри шанси за поени на трката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.