Екипата на Заубер започна соработка со тимот на Шаруз Рејсинг Систем од пониските серии за да формира програма за развој на млади возачи.

Заубер немаа таков вид на јуниорска програма, но основаа блиска соработка со Ферари, што пак доведе до деби на Шарл Леклер во Формула 1 оваа сезона.

Шаруз почна да се натпреварува во Формула 2 во 2018 година, по сезона во Формула В8 3.5, а следната година ќе учествуваат во Формула 3, која е замена за ГП3 првенството. Шаруз исто така учествуваат во АДАК и во италијанското Формула 4 првенство.

Според новиот договор, возачите во јуниорскиот тим на Заубер ќе се натпреваруваат во пониските категории, што ќе биде можност за тие да напредуваат кон Формула 1. Програмата ќе биде водена од седиштето на екипата на Шаруз во Чешка.

Тркањето е витален дел од ДНК-то на Заубер Моторспорт, а формирање на јуниорски тим е важна фаза во историјата на компанијата.

Заубер има долга традиција на помагање на возачи да го постигнат својот целосен потенцијал, откако работеа со Михаел Шумахер, Себастијан Фетел, како и новата звезда, Шарл Леклер.

Со овој проект, Заубер дополнително ја засилува својата тркачка платформа со целосно посветена програма од јуниорските серии кои водат кон врвот на моторспортот.

Пресреќни сме што започнавме соработка со Шаруз Рејсинг Систем, мошне професионален тим кој функционира со забележителен успех во сите серии – изјави Фредерик Васур, тимскиот шеф на Заубер Алфа Ромео.

Заубер, чиешто возачко дуо ќе биде составено од Кими Раиконен и Антонио Џиовинаци во 2019 година, моментално ја има само Татјана Калдерон како свој тест возач, додека Шаруз ги користат услугите на Луи Делетраз и јуниорот на Ферари, Антонио Фуоко во Формула 2 првенството.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.