Шефот на Заубер Фредeрик Васур е пресреќен со потпишувањето на договор со Кими Раиконен за наредната сезона наведувајќи дека тоа е голем поттик за екипа и плановите кои ги имаат. Многу луѓе беа изненадени од замената на Ферари со Заубер каде италијанците го добиваат Шарл Леклер, а се разделуваат со искусниот Кими Раиконен.

Познато е дека Раиконен сеуште е во добри односи со Заубер каде го имаше своето Формула 1 деби во 2001 година, но сепак тој неколку пати има изјавено дека планира да се пензионира во Ферари. Потпишувањето двегодишен договор со Заубер не ја потврдува неговата изјава.

Ние ги зголемуваме и подобруваме капацитетите на секој дел од тимот и мислам дека може да му дадеме целосна подршка. Мислам од аеро и дизајнерското студио до инженерингот, менаџирањето на гумите и мислам дека сите во тимот му посакуваат добредојде на Кими што за нас е голем чекор напред.

На техничка, комерцијална и маркетинг страна, неговото доаѓање значи многу и може да видиме на социјалните медиуми што се случи во последно време. Ова е прв пат во нашите животи да имаме толку многу конекции – објасни Васур.

Кој ќе биде партнерот на Раиконен сеуште не е познато. Дали ќе остане Маркус Ериксон или Антонио Џовинаци сеуште не е одлучено.

По Сингапур ќе седнеме со луѓето кои ги водат дискусиите и ќе донесеме одлука. Мислам дека е добро за тимот да имаме побрзо решение.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.