98

Прв пат од 2015 година екипата на Заубер завршува две последователни трки во поени, а тимскиот шеф Фредерик Васур открива дека тоа е прв чекор во проектот.

Проектот е долгорочен. Напредокот за екипата е добар, затоа што не само што освојуваме поени, туку тоа го правиме на последователни трки. Така треба да продолжиме, тимот е охрабрен и напредокот е добар за сите.

Шарл станува се повеќе самоуверен и ќе дадеме се од себе да продолжиме во иста насока како до сега – објасни Васур.

Во моментов швајцарската екипа има 11 поени благодарение на 9то место на Ериксон во Бахреин, 6то на Леклер во Баку и 10то во Шпанија.

Се подобруваме и на квалификациите, но следен чекор за нас е да се обидеме редовно да бидеме дел од К2. Прва цел секако дека се подобри квалификации, а шанса за тоа имаме веќе во Монако.

Не донеовме многу подобрувања во Барслона затоа што одлучивме тоа да го правиме чекор по чекор, трка по трка. Имаме нови делови за Монако, а потоа исто така и за Монтреал.


Заубер не се изненадени од добрата форма

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>