Заубер го решиле ДРС проблемот

122

По големиот судар на Маркус Ериксон, Заубер жртвуваше голем дел од брзианта за да не се повтори инцидентот на швеѓанецот, но швајцарците најавуваат дека нашле решение за проблемот. На почетокто на Т2 сесијата ДРС системот на болидот не се затвори на време по што Ериксон удри во оградата, а потоа неколку пати се преврте, но за среќа без никакви последици.

Истиот проблем со системот го имаше и Шарл Леклер, по што тимот го повлече од патеката, го идентификуваше проблемот, најде времено решение пред да го врати назат и да псотави 9то време на денот.

Беше тешко и неизвесно затоа што пристигнувавме на крајот на правецот не знаејќи дали ДРСот ќе се затвори или не. Имав ист проблем, но пвоее среќа затоа што мојот се затвори малку порано од тој на Маркус. Најдовме решение, но тоа бараше жртвување на дел од брзината. Но, знаеме што треба да направиме утре за да го решиме проблемот и да имаме максимални перформанси – најави Шарл.

Системот на Заубер работи така што ДРСот се затвара штом возачот ќе го отпушти педалот за гас, но има и опција за мануелно затворање преку копче на воланот. По долгиот разговор помеѓу Леклер и неговите инженери, очигледно е дека тимот одбрал мануелно да го затвора крилото на крајот од правците.

Штом беше вратен на патеката на Шарл му беше кажано дека може да користи ДРС, но да го затвора мануелно, додека возачот врати дека сеуште вози доста претпазливо на местата каде крилото треба да се затвори.

Целосно им верувам на момците и знам дека ќе завршат одлична работа. Ако ми кажат дека ќе биде во ред при следниот круг, знам дека така ќе биде. Го најдовме проблемот и го завршивме денот со добар резултат.

Тимовите на Монца носат посебни крила со многу мала потисна сила поради ултрра брзите карактеристики на автодромот. Тимскиот шеф Васур откри дека тие ќе користат ново крило утре додека причините за сударот сеуште се испитуваат.

Ова е прв пат да ни с еслучува овој проблем и веројатно е проади потисната сила од денеска. Задното крило е ново, но не е проблемот во него туку во подвижниот дел од ДРСот – појасни Фред.


Заубер го решиле ДРС проблемот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>