Наредната недела Заубер ќе го прекине развојот на овогодинешниот болид за да се фокусира на наредната година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Иако тимот имаше огромен прогрес и заостанува три поени зад Торо Росо, тимот смета дека е подобро да се фокусираат на наредната година.

Фред Васур смета дека новите правила им даваат шанса за подобар стар наредната сезона.

Во еден момент наредната недела ќе го прекинеме развојот бидејќи има нови правила пред нас. Сметаме дека тие се подобра можност за нас и ќе го префрлиме фокусот на наредната година. Затоа ќе го запреме развојот и ќе работиме за наредната година.

Иако одлуката да се префрли фокусот може да им направи проблем до крајот на сезоната, Васур не е загрижен.

Не треба да се плашиме од ова. Тоа е погрешен пристап. Треба само да си фокусиран и да веруваш во капацитетите. Доколку сме во можност да ги стигнеме денес треба да го направиме тоа и наредната година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.