Заубер Моторспорт открија дека во нивната јуниорска развојна програма го земале Артур Леклер кој е помлад брат на Шарл Леклер, возачот на Ферари.

Досега Артур возеше во францускиот Формула 4 шампионат и победи на две трки, а се искачи 8 пати на подиум и моментално е на 5та позиција во шампионатот. Оваа година Леклер останува во Формула 4, но ќе се натпреварува во германската Формула 4 и италијанската возејќи за УС Рејсинг ЦХРС.

Возбуден сум што станав дел од Заубер Јуниор Тим. Тоа е сериозна програма поврзана со Формула 1 екипа.

Оваа шанса многу ми значи. Моја цел е да напредувам низ другите категории. Ова е силен тим и верувам во нив – изјави артур.