Тимот со најголем напредок оваа сезона, Алфа Ромео Заубер, се надева дека до крајот на сезоната, нивните болиди ќе се појавуваат во последниот квалификациски сегмент. Во моментов швајцарците се на 9то место во поредокот со 19 поени, многу повеќе од лани освоените, а нивните добри трки се помогнати со неколкуте К3 појавувања на Шарл Леклер.

Вториот возач, Маркус Ериксон, сеуште нема стигнато до последниот квалификациски сегмент, нешто што му е цел до крајот на сезоната.

Се надевам дека ќе напредуваме на следните неколку трки и ќе бидеме многу поблиску до К3 со двата болиди. Трендот во оваа 2018 година за сега е многу добар.

Фер е да се каже дека го забавуваме напредокот во моментов и се концентрираме на болидот за следната година што е предизвик за нас, но исто така и можност да се намали заостатокот зад екипите кои се пред нас – изјави Симоне Реста, Техничкиот шеф на Заубер.

Следната година тимот ќе биде засилен со искусниот ветеран Кими Раиконен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.