Маркус призна дека го болело тоа што го загубил своето место од Заубер во моментот кога тимот се зацврстил во средината од поредокот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Швеѓанецот вози за тимот од Хинвил од 2014 година, има освоено 18 поени во тој период, а следната година ќе биде резерва на Антонио Џовинаци и Кими Раиконен.

секако дека е тешко да се прифати, мислев дека ќе останам, но добро ги разбирам причините кога возач како кими станадостапен, а другото место секако припаѓа на ферари. невозможно е да не се искористи можност да се донесе кими во тимот така што разбирам иако сум разочаран за себе.

работев многу напорно овдека, минав низ тешки времиња со тимот, болидот беше на дното, а луѓето ја напуштаа екипата и јас секогаш сум давал се од себе да помогнам, сум останувал позитивен и не сум обвинувал никого – објасни ериксон.

Откако минаа две години на последно место, Алфа Ромео Заубер сезонава ќесто се во поени со Ериксон и Леклер. Ланскиот болид носеше стара спецификација од Ферари, но овогодинешниот носи тековен мотор и поради тоа импресонираше многумина од падокот.

притискав силно за да му помогнам на тимот да се подобри и мислам дека сум дел од тој процес, но тоа што не можам да продолжам по тој пат кога болидот станува конкурентен и тимот станува способен за добри резултати, тоа ме боли.

Освен новата улога која ја доби, Маркус следната година ќе се трка во Индикар откако потпиша договор со Шмит Петерсон Моторспортс кои се способни за врвни реезултати и се шампиони во 5 од последните 6 години.

самата помисла на тркање со мисла дека можам да победам ме возбудува затоа што тоа долго време ми недостасува. Сета моја кариера пред Формула 1 се обидував да победам, а потоа пет години немав таква мисла додека возев.

прифатив дек формула 1 нема место за мене догодина и тоа е возбудливо затоа што почнувам во нова серија и нова работа каде можам да победам – заврши маркус.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.