Развојниот возач на Рено, Гуан Ју Жу ќе добие приватни тестови со болид од 2017 година на тимот како дел од својата развојна програма.

19-годишниот кинез претходно беше член на Академијата на Ферари, а од оваа сезона е развое возач во Енстоун и секако за цел има да стигне го врвот на моторспортот. Претходно Рено им овозможни вакви сесии со стар болид на Сергеј Сироткин, Артем Маркелов и Џек Аиткен. Последните двајца возеа со РС16 лани, по што добија шанса да комплетираат тест сесии и петочни сесии за тимот.

На францускиот фабрички тим му требаат млади возачи за да ги пополни задолжителните два денови тест со млади возачи во текот на сезоната.

Жу ќе стане првиот кинез кој возел Формула 1 болид по краткиот престој на Ма Кинг Хуа во ХРТ и Катерхам во 2012 и 2013 година. Рено гледа на Кина како клучен пазар во продажба на своите автомобили.

Сезонава Жу ќе вози во Формула 2 за УНИ Виртуоси, поранешен Рашн Тајм, а Рено сеуште нема назначено резервен возал. Членови на младинскиот погон на французите се Формула 2 возачот Антоан Хуберт, Формула 3 дебитантите Макс Феутрел и Кристијан Лундгард, како и Формула Рено тркачките Виктор Мартинс и Цаио Колет.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.