Жак Вилнев ќе ја предводи парадата на возачите

171

Канаѓаните се пред емотивен момент во пресрет на неделната трка затоа што Жак Вилнев ќе управува со Ферари Т3 болидот на неговиот татко на чело на парадата пред трката. Настанот ќе биде одбележување на 40 години од победата на Жил во Монтреал. Првакот од 1997 година ќе комплетира цел круг во болидот со кој неговиот татко победуваше.

Ќе биде фантастично затоа што прв пат ќе водам во Формула 1 болид во Канада – се пошегува Жак.

Како што минува времето, спомените на татко ми добиваат на знечење затоа што е јасно што тој претставувал за навивачите, за луѓето и за историјата на спортот. Откако јас и самиот добив деца повеќе го чувствувам тоа – објасни Вилнев.

Тој е импресиониран од болидот и призна дека одсекогаш сакал да вози Формула 1 болид од таа ера.

Сум го возел овој болид во Гудвуд, така што го познавам. Сосема е различен од денешните, како да седите во туна конзерва. Може да си ги видите стапалата, некој става пластика околу нив што е всушност заштита, но само пластика. Неверојатно е колку била напредни болидите уште во тоа време.


Жак Вилнев ќе ја предводи парадата на возачите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>