Европската Комисија будно ги следи скорешните Формула 1 спонзорски договори со тутунски компании дури и ако производите на компаниите не се јавно рекламирани.

Во последно време две екипи имаат спонзорски договори со тутунски компании и треба да рекламираат нивни иницијативи и проекти претстојната сезона. Ферари долго време се поддржани од Филип Морис, но од ланското Јапонско Гранди при нивниот болид е брендиран со брендот Мишн Виноу. Мекларен неделава објави дека потпишале договор со Бритиш Американ Тобако и ќе ја рекламираат нивната “Подобро утре“ иницијатива за намалување на ризичните производи.

Иако експлицитно нема рекламирање на тутунки производи што е забрането во најголем дел од светот, ваквите договори создадоа контроверзија пред почетокот на сезоната и отворањето на календарот во Австралија. Властите во тамошната држава Викторија веќе спроведуваат истрага против Филип Морис и нивниот Мишн Виноу.

Во неидна земја од Европската Унија не е дозволено рекламирање и спонзорирање на тутунски производи, а портпарол на Европската комисија го изјави следното:

Комисијата продолжува од близу да ја следи имплементацијата на забраните на спонзорствата и рекламирањата согласно Директивата за рекламирање на тутунски производи, а во контекст на формула 1.

неодамна на комисијата и беше предочено дека иницијативите мишн виноу и подобро утре се од тутунската индустрија и поради тоа дополнително ќе испитуваме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.