Возачот на Заубер, Маркус Ериксон, истакна дека сака да и докаже на својата екипа што пропушта со неговото заминување, откако стигна до најдобриот пласман во квалфикации во својата Формула 1 кариера.

Ериксон ќе го одстапи своето место на крајот на 2018 година, откако Заубер се одлучи да ги користи услугите на Антонио Џиовинаци и Кими Раиконен. Швеѓанецот ќе остане да соработува со Заубер како резервен возач, но исто така ќе се натпреварува и во ИндиКар со тимот на Шмид Петерсон Моторспортс.

Заубер одлично се покажаа во квалификациите на Интерлагос, а Ериксон се квалификуваше на седмата позиција, пред неговиот тимски колега и иден возач на Ферари, Шарл Леклер.

Тој сепак ќе стартува од шесто место по грид казната за Даниел Рикардо од 5 места поради менување на турбо полначот.

Си заминувам после Абу Даби, но сакам да заминам на висока нога и да покажам што ќе пропушти екипата. Освоив поени на последните два викенда, а сега сум на седмата стартна позиција. Морам да продолжам на таков начин.

Одличен е овој успех, но мислам дека важно за мене и Шарл ќе биде да сме напред во средината и најдобри од останатите.

Мислам дека се одлични перформанси од нас двајцата, но и тимот заврши одлична работа. Знаеме дека на оваа патека е тесно помеѓу сите екипи. Ова беа одлични перформанси. Навистина сум многу, многу среќен.

Ќе биде интересно со времето во трката и ќе видиме како ќе се одвива. Стартуваме од шесто и седмо место. Имаме одлична можност да освоиме големи поени за екипата. Ќе биде возбудливо попладне – вели Ериксон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.