Ериксон смета дека можеле до поени во Јапонија

86
   

Возачот на Заубер, Маркус Ериксон го заврши Гранд При од 12то место, откако имаше судар во К1, не постави време и мораше да се пробива и бори со Кевин Магнусен, Стофел Вандорн и Сергеј Сироткин на почетокот на трката.

Знаевме дека ќе биде тешка трка за нас, но со оглед на последното стартно место од кое почнавме, пласман на 12то место на крајот на трката е задоволително. Имавме добар ритам и чувството во болидот беше добро. Возев со едни гуми во најголем дел од трката што бараше многу менаџирање од моја страна – објасни Ериксон.

Швеѓанецот е задоволен од перформансите, но е во прашачлници што би било доколку би стартувал погоре на гридот.

Штета што не статртувавме од подобра позиција затоа што мислам дека поените беа можни за нас. Како и да е, имавме позитивен ден и нетрпелив сум за следната трка во Остин.

Во моментов Маркус се наоѓа на 17то место во возачкиот поредок со 6 освоени поени, исто колку и Ленс Строл од Вилијамс, додека Заубер го “бркаат“ Торо Росо за 8мо место кај конструкторите и се на само 3 поени.


Ериксон смета дека можеле до поени во Јапонија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>